Вратени одземените 15 бодови на Јувентус
Врховниот италијански спортски суд донесе одлука да му бидат вратени на Јувентус 15 бодови кои му беа одземени во февруари поради финансиски нерегуларности и соопшти дека за случајот ќе се води нов процес.
Со судската одлука Јувентус се врати во игра за место кое идната сезона обезбедува настап во Лигата на шампиони, искачувајќи се од седмото на третото место со 59 бодови, три повеќе од четвртата Рома, а шест повеќе од Милан на петтото место.
До крајот на сезоната во Серија А преостануваат уште осум кола.
Јувентус беше казнет во февруари со одземање 15 бодови поради финансиски малверзации поврзани со трансфери на свои играчи во 2021 година