ВРЕДИ: Црната листа е вистината на ДУИ, манипулациите со анкетите не ја вадат од калта

„Дека нашите граѓани се целосно свесни се докажа на последните избори со кои заврши диктаторското владеење на ДУИ. Дека ДУИ ги гледа граѓаните со ниска свест, доказ се анкетите кои погрешни ги протолкуваат и кои се обидуваат да ги продадат како реални. Значи, ДУИ нон грата избра да користи манипулирани механизми за да прикаже лажна илузија дека продолжува да ужива поддршка во албанскиот табор“ соопштуваат денеска од коалицијата ВРЕДИ.

Оттаму посочуваат „Откако се најде на црната листа, ДУИ нон грата почна да ги губи лојалните гласачи и членството, а единственото решение во оваа тешка ситуација во која се наоѓаат е измамата преку манипулациите со анкетите. Така, во обид да ги измамат и збунат масите, тие почнаа да веруваат во лагите што самите ги измислија. Неодамна имаше масовни пристапувања од сите други партии во најголемата албанска коалиција ВЛЕН. И сето тоа затоа што сите разбраа дека единствената политичка опција во албанскиот табор е ВРЕДИ“.

„Албанците сега имаат широка и силна база, коалицијата ВРЕДИ ги одразува вистинските вредности и посветеноста на промените, надвор од празните ветувања и пропаганда што ја придружуваше ДУИ нон грата долги години. Важно е граѓаните да бидат свесни за да ги читаат и разбираат ваквите обиди за манипулација и да знаат дека нема да дозволат нивните мислења да бидат под влијание на манипулирани анкети. Наместо тоа, нашите граѓани се занимаваат со анализирање на фактите и конкретните постапки на секоја политичка опција, особено кон ДУИ, која беше загниена на власт“ велат од ВРЕДИ.

Нивниот став е дека „Дојде време Албанците да бараат одговорност, транспарентност и вистинско претставување во политиката. Промената започна со коалицијата ВЛЕН, која докажува дека сме вистинска алтернатива за градење подобра иднина за Албанците и доведување на политиката на вистинското место, алатка за исполнување на колективните интереси“.

Back to top button
Close