Време за приказна: Легендата за Крампус

Секоја година, на почетокот на декември, децата во Австрија и Германија се подготвуваат за посетата на Свети Никола. Ако биле добри, ќе ги награди со подароци и слатки. Но ако биле лоши, ќе добијат нешто уште пострашно од јаглен, ќе мораат да се соочат со Крампус

Кој е Крампус?

Корените на ликот на Крампус потекнуваат од народните верувања на Австрија и Германија некаде од 18-тиот век.

Тој е пола човек, пола јарец, демонско суштество (нешто како грчки сатир) со долга коса, долги рогови и долг јазик, кој доаѓа секоја година за да ги прогонува лошите деца и ако ги фати, ги понесува со себе.

Крампус и другите негативни ликови врзани со Божиќ и Новата година ги имаат своите корени во паганските прослави на зимската краткоденица. Подоцна стануваат дел од христијанските традиции според кои Свети Никола ги посетувал децата за да ги награди ноќта на 6-ти декември. Но, ноќта на 5-ти декември, неговиот зол партнер ги посетува децата за да ги казни.

Во Алпска Австрија и некои делови на Германија, овој ден беше познат како Крампуснахт, или “Ноќ на Крампус”, кога возрасни се облекувале како Крампус за, за казна, да ги плашат сопствените деца. Или само да ги опоменат дека треба да бидат добри.

Крампус станува инспирација и за масовната популарна култура. Кога индустријата за разгледници доживеа процут во Германија и Австрија во 1890-тите, се појавуваат Крампус-картите.

Овие празнични разгледници не се наменети за да се почувствувате пријатно.

Тие со ознака “Грус вом Крампус” (“Поздрави од Крампус”) го прикажуваат Крампус кој става вознемиреното дете во вреќа, или се подготвува да го истепа со гранки од врба.

Многу од овие разгледници го прикажуваат Крампус кој како води деца во ланци, или ги носи во вреќа.

На некои разгледници, Крампус е прикажан како голема жена која тепа помали мажи со гранки врби.

Back to top button
Close