Втор висок пораз на македонските фудбалерки до 19 години во БиХ

– Во високи порази и без постигнат гол, македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години го заврши денеска гостувањето во Зеница каде неделава одигра два пријателски натпревари против соодветната селекција на Босна и Херцеговина (БиХ).

По поразот од 7:0 во средата, избраничките на селекторот Астрит Мерко попладнево беа поразени со 5:0.

Домашната репрезентација веќе во воведните половина час од натпреварот имаше висока предност со головите на Крајшумовиќ (4 минута), Милинковиќ (17) и Крајниќ (28). Со својот втор гол на мечот Крајниќ зголеми на 4:0 во 58 минута, а конечниот резултат го постави Јелчиќ девет минути подоцна.

Back to top button
Close