Вучиќ изјави дека имал “многу добар телефонски разговор” со Путин

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека денеска имал многу добар телефонски разговор со претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, со кого договорил исклучително поволна цена на гасот за Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

Вучиќ за новинарите изјави дека најважна тема на денешниот разговор со Путин е истекувањето на договорот за гас по десет години, на 31 мај.

– И она што можам да ви го кажам е дека ги договоривме главните елементи кои се многу поволни за Србија. Се договоривме да потпишеме тригодишен договор што е прв елемент од договорот и мислам дека многу и одговара на српската страна. Друг важен елемент е формулата што ја користиме да остане иста (формула за нафта), така што цената ќе биде многу поволна за нашата земја, истакна Вучиќ

Back to top button
Close