Вучиќ му одговори на Милановиќ: Хрватска нека внимава што прави

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, одговори на изјавата на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ дека „е загрижен што Србија се вооружува со офанзивно оружје“ и дека „српскиот претседател Александар Вучиќ дава необични изјави“.

 

Коментирајќи ја пораката на Милановиќ дека „треба да внимава што зборува“, Вучиќ возврати дека Хрватска треба да внимава што прави.

„Се викам Александар Вучиќ и јас сум горд претседател на Србија. Нема да ми каже хрватскиот претседател или некој друг што ќе кажам. Сакаме и ќе имаме мир и многу подобри односи со нив, иако ми кажаа секакви непријатни работи“, рече тој.

Вучиќ изјави дека го избрал патот на мирот и стабилноста за Србија и дека народот, а не некој друг, ќе одлучи кој ќе ја води земјата.

„Ве молам да им подадете рака на сите на секое место, да покажете дека сакаме обединета Србија. Ние го зачувуваме мирот и стабилноста, ги зајакнуваме нашите капацитети за одвраќање, ја градиме Србија, остваруваме економски напредок“, додаде тој

Back to top button
Close