Вучиќ најави дека в среда или в четврток ќе ги распише изборите и ангажирање на војската ако полицијата не може да го реши проблемот со вооружените пресметки со мигрантите


Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва изјави дека изборите, кои претходно ги најави за 17 декември, „ќе бидат распишани в среда или четврток“.
Вучиќ за белградски медиуми додаде дека е важно луѓето на избори „да можат да ја изразат својата волја, и рационално да донесат одлука“.

Тој во интервјуто додаде дека доколку полицијата не воспостави ред во близина на унгарската граница во врска со вооружените конфронтации меѓу мигрантите, „ќе донесе одлука за делумно ангажирање на армијата“. Според него, на министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ му укажал дека „или ќе ги направат работите како што треба да ги направат, или ќе ја донесе војската“.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close