Вучиќ најави летачки автомобили во Србија – од 1 декември следната година
Александар Вучиќ, претседателот на Србија, најавува дека од 1 декември следната година, автомобилите ќе летаат во Србија.
Вучиќ го изјави ова по серијата средби што ги имаше во Пекинг со функционери и претставници на компании.
Тој рече дека денес имал многу обврски во Пекинг и средби со 11 или 12 светски лидери, како што се претседателите на Узбекистан, Азербејџан, Словачка, Индонезија…
Вучиќ вели дека огромниот напредок на кинеската армија бил виден на воената парада.
– Водевме многу разговори со многу кинески воени компании. Утре имаме разговори со уште три компании. Работевме на наоѓање решенија за нашите граѓани во многу области, особено во примената на вештачката интелигенција во образованието и здравството – изјави тој.
Вучиќ вели дека имало разговори со компании кои се занимаваат со енергетика, бидејќи ќе имаме проблеми со енергијата.
Како што изјави, се разговарало и за летачки автомобили. Тој верува дека следната година до 1 декември ќе покажеме како функционираат летачките автомобили во Србија