Вучиќ: Односите меѓу Србија, Северна Македонија и Албанија никогаш не биле подобри

Задоволни сме со она што го имаме. Односите меѓу Србија, Северна Македонија и Албанија никогаш не биле подобри, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ на Светскиот економски форум во Давос, говорејќи за иницијативата „Отворен Балкан“, јави дописникот на МИА од Белград.

– Луѓето мислат дека треба да бркаме некого за да го оправдаме своето постоење. Не мораме. Ги поканивме сите. Среќни сме со тоа што го имаме, би сакале да имаме повеќе, но задоволни сме. Имаме добра соработка со сите, изјави српскиот претседател за ТВ Пинк од Давос.

Според Вучиќ, кој сака соработка е добредојден во иницијативата.

– Имате голем пад на популарноста на ЕУ не само во Србија, туку и во Северна Македонија. Имате клацкалка, треба да се прашаме како би гласал денес народот. Мора да има вина и на некои земји членки, а не само наша вина, изјави Вучиќ

Back to top button
Close