Вучиќ пушти во употреба автопат изграден од „Бехтел и Енка“
Српскиот претседател Александар Вучиќ присуствуваше на отворањето на делот од Моравскиот коридор од Појат до Макрешан.
Автопатската делница е дел од Моравскиот коридор кој го гради конзорциумот „Бехтел и Енка“. Станува збор за пат која го поврзува западот со истокот на нашиот северен сосед.
Членовите на српската Влада со панорамски автобус ја минаа делницата меѓу Појат и Макрешан во должина од 16,8 километри.
На отворањето на делницата присуствуваше и американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил.
„Овој пат ги поврзува западниот и источниот дел на Србија, затоа е важен. Она што порано траеше 5-6 часа патување, сега ќе трае 2,5 часа. Половина милион луѓе живеат на овој коридор, но многу повеќе луѓе во суштина ќе бидат поврзани со него“, рече тој.
„Овој автопат е најширок, поширок е за 1,60 метри од другите и ќе биде широк 30 метри, дигитализиран е, насекаде има столбови за 4G и ќе биде за 5G мрежата кога ќе биде достапна“ – рече претседателот Вучиќ.