Вучиќ: Радоичиќ ќе одговара!

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека Милан Радоичиќ, кого Обвинителството го товари за тешки кривични дела кои и самиот ги признал, ќе одговара пред властите во Србија и дека допрва ќе се покрене обвинението.

„Не би сакал да го бранам Радоичиќ бидејќи тој е одговорен пред нашите правосудни органи и допрва ќе биде обвинет. Кога ќе се спроведе истрагата, дали истрагата ќе се прошири или не, зависи од надлежните државни органи. Тие ќе утврдат сите овие факти“, рече Вучиќ.

Ова го изјави одговарајќи на новинарски прашања по завршувањето на академијата по повод 45-годишнината од Заводот за кардиоваскуларни заболувања „Дедиње“.

Вучиќ рече дека Радоичиќ инвестирал пари во својата куќа на Косово, а од Србија не вадел пари, како што прават многу лидери на поранешниот режим и опозицијата.

Се води истрага, јас не сум обвинител и не сум судија да донесам каква било пресуда, тоа би било незаконски“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека обвинителот го гони Радоичиќ за многу тешки кривични дела кои тој самиот ги признал.

„Самиот призна, немаше потреба да слушнете некој друг, дојде човекот и рече „јас го направив“ и се понуди“, рече тој.

Вучиќ додаде дека истрагата ќе продолжи, пренесува Независне новине.

Ќе бидат опфатени сите аспекти на истрагата, од каде се парите за оружје на црниот пазар, се ќе се утврди. Тоа е наша обврска и ќе си ја завршиме работата“, заклучи Вучиќ.

Back to top button
Close