Вучиќ: Уапсена е барабата која го нападна министерот за култура
Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва изјави дека напаѓачот на министерот за култура Никола Селаковиќ е уапсен.
„Денеска реков, ако се сеќавате, ќе ја уапсиме таа бараба. Ве известувам, ја уапсивме таа бараба“, рече Вучиќ во обраќањето на собирот во спортската сала во Смедерево.
Тој истакна дека напад како нападот на Селаковиќ не се случил цели 40 години.
Вучиќ додаде дека напаѓачот на Селаковиќ работи во една од фирмите на Јунајтед групацијата на Драган Шолак, пренесува Танјуг