Вучиќ: Успеавме да се избориме постигнатото во дијалогот да се спроведе
Ден по дијалогот меѓу Белград и Приштина во Охрид , претседателот на Србија Александар Вучиќ и се обрати на српската јавност и ја прочита содржината на Апелот за спроведување на Договорот за патот кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија . Во апелот тој посочи дека Србија е подготвена да соработува до нејзините поставени црвени линии, но дека нема потпишано ништо.
„Вчера имавме рунда дијалог што европските и светските сили го направија многу истакнат и важен во медиумите. Разговорите, се разбира, никогаш не се лесни и едноставни кога станува збор за партиите кои за жал сè уште се спротивставени и имаат често спротивставени интереси. “ оцени Вучиќ.
„ Со оглед на околностите, ова за нас не претставува ништо особено тешко. Во иднина не чекаат многу потешки работи. Она што е важно за нас е повеќе да не зависиме од добрата волја на Приштина , што е позитивна промена во преговарачката рамка, но и за тоа колку сме подготвени да направиме одредени работи, кога зборуваме за европскиот пат“, рече Вучиќ и додаде зошто не го потпишал Анексот на планот:
„Поради неколку работи. Затоа што Република Србија е меѓународно правно призната држава. Тоа што тие го нарекуваат Република Косово не е меѓународно призната држава и јас не сакам да склучувам меѓународно правни договори со таканаречената Република Косово. Ќе ви биде тешко да докажете дека има договор без потпис, но јас недвосмислено зборувам за црвените линии на Република Србија кои пред се се однесуваат на противењето на признавањето на Косово и приемот на Косово во ОН. За никој никогаш да не помисли дека може да и наметне законска обврска на Република Србија која таа не ја прифатила. Токму затоа ние не го ни потпишавме она што ЕУ го нарече договор, како и Анекс. Србија е подготвена да работи на имплементација до нејзините црвени линии поради многу причини“, подвлече претседателот на Србија.