Вучиќ вели дека во Охрид не се очекува судбоносен ден

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека во Охрид не се очекува судбоносен ден, дека од Брисел сѐ уште не пристигнал нацрт за тоа што сака ЕУ, дека Србија ќе продолжи да работи со Европската Унија и нема да се откаже од „црвените линии“.

Вучиќ во обраќање до српскиот народ рече дека одредени медиуми објавиле наводен „таен план“ за имплементација на договорот, но дека тоа не е вистина, туку список на желби од албанска страна.

 

Back to top button
Close