Вучиќ: Вложија милијарди за да ме срушат од власт

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, обвини дека биле вложени многу пари за негово уривање од власт.

-Јас сум на крајот на мојот мандат, го кажав тоа што им го реков милион пати. Што можат да ми направат? Да вложат повеќе пари за мое рушење? Тие инвестираат во аналитичари, десетици, стотици милиони евра, милијарди. Овие луѓе ги сменија границите на Србија, 1990/1991 година. Ги убиваа нашите деца, уништуваа мостови, села, градови. Тие рекоа дека тоа се должи на хуманитарна катастрофа. Не е лесно да се надминат ваквите невистини – рече Вучиќ.

Тој додава дека треба да се спротивстават на промената на границите.

-Јас ја давам главата, и не ја давам Србија. Ќе дојдам свечено облечен, во костум, вратоврска, тука ќе бидат великаните на политичката сцена на Балканот, а тие мислат најлошо за Србија. Средбите со нив ќе бидат многу убави. Немам причина да се грижам или да се плашам. Јас не ширам омраза кон нив. Јас воопшто не се плашам од нивната физичка сила или образование … Тие можат да усвојат што сакаат, но без Србија. Нема ништо од таа работа – истакна Вучиќ

Back to top button
Close