За 19 години во МЗ имаше 10 министерски смени

Најдолг мандат како министер во ресорот здравство, од 6 години имаше Никола Тодоров, најкраток од пет месеци имаа Арбен Таравари во 2017 та и Илир Демири во 2024 та. Во период од 19 години во Министерството за здравство имало 10 министерски смени, вклучувајќи ја и новата што треба да се случи сега, по заминувањето на крилото на АА од Власта.

„Порталб“ ги рангираше досегашните министри за здравство.

Тодоров и Филипче со најдолги министерски мандати, Таравари и Демири со најкраток мандат.

Од 2006 та до сега во Министерството за здравство имало дури девет министерски смени – сега во фотелја треба да седне десеттиот министер откако Арбен Таравари објави дека заминува во опозиција. Во период од 19 години овој ресор кој е еден од клучните и според проблематиката и според висината на буџетот, го воделе осум министри со тоа што Арбен Таравари беше на чело на министерството два пати, како дел од два различни владини ешалони. Ретки се министрите за здравство кој успеаја да “истуркаат“ цел министерски мандат.

Хронолошки, во август 2006 та како претставник на ДПА на чело на здравство застана Имер Селмани и на оваа позиција останува до јули 2008 та. Негов наследник е Бујар Османи од ДУИ кој го води министерството до 2011 та година. Најдолг министерски мандат има Никола Тодоров од Вмро – Дпмне, од летото 2011 до јуни 2017 година.

По Тодоров на чело на здравството доаѓа Арбен Таравари како претставник на Алијанса на Албанците но неговиот министерски мандат ќе трае само 5 месеци , од 1 јуни 2017 до крајот на октомври истата година. По изборите, во декември 2017 та година на чело на министерството застанува Венко Филипче од СДСМ и ќе го води четири години.

По Филипче министерството „оди во рацете “ на Алтернатива и нивниот претставник Беким Сали кој ќе го води здравството само една година. По Сали во овој ресор ќе ротираат тројца министри од редовите на Алијанса на Албанците. Мандатот на Фатмир Меџити трае од февруари 2023 та до февруари 2024 та. Следува Илир Демири со пет месечен мандат во 2024 та па потоа Арбен Таравари кој застанува на чело на овој ресор по втор пат, од јуни 2024 та до сега.

Најави за стотици вработувања, недостиг на терапија, проширена позитивна листа …

Министерството за здравство се смета едно од поважните според проблематиката која ја третира и според висината на годишниот буџет со кој располага. За оваа 2025 та вкупните расходи на овој ресор изнесуваат 127,1 милион евра а само трансферот до Фондот за здравство изнесува скоро 57 милиони евра.

Годинава за капитални инвестиции здравството доби 8.835.000 евра и најголем дел од сумата или 6 милиони евра е за реконструкција и доградба на здравствените објекти. Општата Болница Кичево и клиничките центри Штип и Скопје останаа на агендата како проекти кои чекаат реализација. За Општа Болница Кичево одобрени се скоро 250 000 евра а за новите клинички центри во Штип и Скопје сума од 1 8 милиони евра при што најголем дел од парите треба да се обезбедат од заеми.

Изминатиот период Министерството за здравство беше дел од медиумските наслови и анализи по различни основи – од веста за проширување на позитивната листа на лекови до тоа дека немаше терапија за дел од онколошките пациенти.

Од април годинава се зголеми капитациониот бод за матичните лекари а позитивната листа на лекови , за прв пат по 2014 та година се прошири со девет нови генерации (87 лекови со различни имиња, дози и намена). Беа најавени и 1 800 вработувања во здравството, но засега во тек се вработувањата на 250 специјализанти додека стотици медицински сестри ја чекаат постапката за трансформација во трајно вработување. Од друга страна, од почетокот на годинава во два наврати се вклучи алармот на Клиниката за онкологија поради недостиг на терапија за дел од болните. Проблемот се правдаше со тендерските процедури, и по неколку неделно доцнење, терапијата беше набавена. И пациентите со дијабетес реагираа дека одреден период нема терапија во аптеките и за оваа категорија на пациенти.

Еден од клучните проблеми – паркирањето на најфреквентниот Клинички центар Скопје остана нерешен откако беше поништен тендерот за изградба на катни гаражи од страна на компанијата „Ѓока Констракшн“ од Албанија.

Здравството останува еден од најпроблематичните и најчувствителните ресори кој ја опфаќа најранливата категорија на граѓани – пациентите. Најавените длабоки реформи, од професионализација на менаџментот до зголемување на квалитетот на здравствените услуги , сеуште чекаат да бидат остварени.

Здравството ќе го добие 10-от нов министер во период од 19 години.

Back to top button
Close