За една година во Австрија утврдени 137 мутации на коронавирусот

– Од 3 април минатата година до 20 април годинава, во Австрија се идентификувани најмалку 137 различни варијанти на коронавирусот, соопшти Агенцијата за здравје и безбедност на храна (АГЕС).

Најчестата мутација, сепак, била британската.

Од сите секвенцирани варијанти, британската мутација (Б. 1.1.7) е идентификуван во 28,1 процент од случаите.

Во 9,1 процент од случаите, идентификувана е мутацијата Б. 1.160, вид кој е распространет низ цела Европа, но и во Австралија.

Патем, овој вид е доминантен во австриската провинција Бургенланд, а покрај британскиот, идентификуван е и во сите девет покраини.

Во 6,2 проценти од случаите е утврдена јужноафриканската мутација Б. 1.351, која е доминантна пред сè во покраината Тирол.

Покрај Тирол, јужноафриканскиот вид е идентификуван уште само во Виена, Горна Австрија и Корушка.

Според АГЕС, бразилската мутација П. 1 е потврдена и во Австрија, но само во пет случаи.

Back to top button
Close