За Македоницте во Голо Брдо вистината била и е една, ние сме биле, сме и ќе бидеме горди Македонци

Вистината била и е една, независно од потребата на многумина кои сакале да ја избришат. Ние сме биле, сме и ќе бидеме горди Македонци, порачува Фатри Фетаху, познат активист за правата на Македонците во Албанија и претседател на огранокот на Македонското друштво „Илинден“ за областа Голо Брдо.

Искажува убедување дека „заеднички и сплотени ќе се избориме со сите неправди кои нѝ се извршени“.

-Време е да кажеме: Доста е! На сите оние кои ни наштетувале и се обидуват да ни наштетат. Живееме во демократија, во време кога секој поединец може да го изрази свото чувство за нацијата кон која припаѓа, верата кон која припаѓа. Во 21 век срамно е некому да му се наметнуваат и насилно да се бара да се изјаснува поединецот онака како што бараат други. Верувам и повикувам сите жители на Голо Брдо, не само да се чуствуваате како горди Македонци туку и слободно, без страв тоа да го кажувате секому, наведува Фетаху.

Тоа, додава нѝ е наследство од нашите предци и иднина за нашите потомци.

-Секој кој што ќе ве убедува дека тоа не е така, дека ќе има последици или закани ако се изразите за Македонци се плаши од нашата богата и долга македонска историја. Да не подлегуваме и да не дозволиме да ни подметнат фалсификат. Вистината била и е една, независно од потребата на многумина кои сакале да ја избришат. Ние сме биле, сме и ќе бидеме горди Македонци, стои во објавата.

Фатри Фетаху, дипломиран економист, е жител на село Требиште, кој од повеќе од десет години е активен член на МД „Илинден-Тирана.

Back to top button
Close