За Мицкоски промената на Уставот била “чувствителна тема” која бара “похолистички услови“
Премиерот Христијан Мицкоски во своето обраќање на тркалезна маса во Уставниот суд истакна дека секоја промена на Уставот треба да се одвива внимателно, со создавање на похолистички услови, за да не се вознемири јавноста.

„Што се однесува до законот за Уставен суд, уставната тужба, тука сакам да споменам дека за тоа се согласивме со претседателот, промена на Уставот. Во оваа наша земја промената на уставот е чувствителна тема. И секогаш кога ќе се случи темата промена на Устав, тогаш, најчесто, не потсетува на некои други процеси од минатото.
Иако ова станува збор за сосема поинаков процес. Апсолутно се сложувам со носење на ваков специјален закон, односно закон за уставниот суд. Апсолутно се согласувам со институтот уставна тужба, но исто така сакам да потенцирам дека најдобро е да се создадат услови похолистички за промена на Уставот кога и тоа би било вклучено. За да не ја вознемириме и онака чувствителната јавност“, изјави Мицкоски објави Скопје1.мк






