За недоразбирањето со Ѓоковиќ виновен е организаторот на Австралија Опен?  

Главен виновник за сè тоа што му се случува на Новак Ѓоковиќ во моментов е организаторот на Австралија Опен, покажува писмото кое денеска се појави во јавноста.

Австралискиот министер за здравство, Грег Хант, уште во ноември минатата година му испратил мејл на првиот човек на Австралија Опен, Крег Тили, во кој го известил дека податокот дека тенисер или тенисерка кои биле позитивни на коронавирус, не е доволен доказ за да се добие медицинско изземање.

-Австралиската гранична полиција (АБФ) ги советува луѓето да бидат целосно вакцинирани, како што препорачува АТАГИ (австралиската техничко-советодавна група за имунизација), за да можат слободно да влезат во земјата и да не одат во карантин. Што се однесува до вашето конкретно прашање, можам да потврдам дека лицата кои имале корона во изминатите шест месеци и сакаат да дојдат во Австралија од другите континенти, но не примиле две дози од одобрените вакцини, ќе се сметаат за нецелосно вакцинирани, му напишал министерот Хант на организаторот на Австралија Опен.

Мејлот покажува дека главен виновник за сево ова што му се случува на Новак Ѓоковиќ кој се наоѓа во хотел за мигранти во Мелбурн, е организаторот на Австралија Опен, бидејќи имал два месеци да ги извести сите тенисери и тенисерки дека потврдата за прележан ковид-19 не е доволен доказ и дека ќе мора да приложат дополнителни докази или да се вакцинираат.

-Ги поддржувам спортските организации каква што е Тениската федерација да продолжи да соработува со АБФ и со здравствените власти за да се овозможат безбедни планови против коронавирус, вклучувајќи ги и настаните за кои се потребни меѓународни патувања, пишува Хант во мејлот.

 

Back to top button
Close