За првпат по пожарот во Кочани – Ана Костадиновска излезе на сцена
На градскиот плоштад во Валандово се одржа музичка вечер во склоп на фолк фестивалот Валандово, а една од оние кои настапија е и Ана Костадиновска, придружниот вокал на ДНК, која успеа да се спаси од пожарот во Кочани, во дискотеката Пулс, каде загинаа 62 лица, а над 200 беа повредени.
Ова е прво јавно појавување на Костадиновска на сцената по трагедијата во која ги загуби соработниците и пријателите од бендот.