Заедничко писмо испратија 53 држави до Советот за безбедност за да не му се доставува оружје на Израел

Писмо до Советот за безбедност на ООН со барање за итни дејствија за прекин на доставувањата на оружје и муниција за Израел испратија 53 земји-потписнички.

Писмото е составено по иницијатива на Турција, а потпишано е од уште 52 држави и две меѓународни организации.

„При секоја можност треба да повторуваме дека продажбата на оружје на Израел е исто така соучество во геноцид“,изјави денеска шефот на турската дипломатија, Хакан Фидан.

Турскиот министер за надворешни работи истакна дека израелската влада на Бенјамин Нетанјаху станала „глобална закана“ и повика сите земји да спречат Израел да го игнорира меѓународното право.

Фидан на прес-конференција исто така потенцираше дека актуелниот глобален систем не дава решение.

„Овој систем кој ја репродуцира историската неправда треба да се промени“тврди тој.

Министерот за надворешни на Турција смета дека трансформација ќе се случи под лидерство на африканските земји, кои како што вели тој, сегашниот меѓународен систем ги игнорира.

Back to top button
Close