Заедничко

  1. На Балканот поимот заедничка историја може да произведе само заеднички идентитет и заеднички јазик. Балканот не препознава цивилизирано заедништво. И уште долго време ќе биде така. Цивилизираното заедништво претпоставува пред се взаемна почит. Без, мобинг, булинг и уцени од позиција на сила. 
  2. Во нецивилизираниот регион како Балканот, тешко се разбира сопствената историја, а да не зборуваме за потенцијално заедничката. На Балканот не може да има вин-вин заедничка историја на минатото. Затоа што ќе биде политички произведена балканска заедничка историја за задоволување на одредени моментални потреби, како што е почеток на преговори со Унијата, популарно наречена Здружение на независни држави. Исто како Здружение на сојузот на возачите. 
  3. Дали се работи за мобинг и уцени?  Сигурно. Одговорот е во самото прашање. Каква конекција имаат реформите во правосудството, администрацијата, борбата против корупцијата, слободата на говорот, екологијата, Зелен Балкан и многу други нешта, со прв ултимативен предуслов за заедничка историја која ќе произведе заеднички идентитет и јазик? 
  4. Тезата за заедничка историја носи вознемирувачка опасност за нашава минијатурна буџетска држава. Тезата не е поставена за заедничка сеопфатна историја меѓу двете држави. Таа не се однесува на заедничка историја со албанците, турците, србите, власите и останатите кои живеат во нашава држава. Се однесува само на историјата на македонците. А тоа е многу вознемирувачки опасно. 
  5. Ваквиот пристап инсистира на градење на заедничко историско минато, а со тоа и идентитет и јазик. Теза како да е поставена во некои Клубови.                                                       
  6. Нема ништо по позитивно од градење заедничка историја на иднината, а не на минатото со взаемно почитување, без мобинг, булинг и уцени. 
  7. Минатото е минато. И тоа не може да се претвори набрзина во заедничко со политички потпис на некој Misty Document за моменталните  потреби. 

Руди Лазаревски

Back to top button
Close