(ВИДЕО) Заев: Сите опции се отворени, ќе разговараме за Влада која ќе се грижи за сите граѓани

– СДСМ, која на парламентарните избори освои 46 пратенички мандати, од денеска ги почнува преговорите за парламентарно мнозинство и за формирање на влада која ќе има полн четиригодишен мандат.

– Лидерот на СДСМ Зоран Заев соопшти дека неговата партија од денеска ги почнува средбите и разговорите со другите партии, дека ќе се види со сите претседатели на партии од албанскиот политички блок и работните  групи и членови на партиските раководства ќе имаат постојани средби на повеќе нивоа додека трае преговорачкиот процес за коалиција и составување парламентарно мнозинство.

Очекува резултати во наредните десет до 15 дена и тоа ќе го соопштат не по секоја средба зашто, како што рече, не ни очекуваат напредок уште на првите средби, но дека за исчекорите јавноста ќе биде известена.

Пред сè, како што рече, ќе ги конструираат контурите на идното парламентарно мнозинство, колку тоа ќе биде стабилно и да гарантира опстојување четири години, како и да се отстранат сите национализми. Низ самиот преговарачки процес, истакна Заев, ќе утврдиме во кој правец треба да ги градиме идните политики.

– Да оставиме да покаже времето со кој ќе можеме да направиме коалиција за изборите. Прво парламентарно мнозинство кое ќе ја сочини владата. Секако, јас сум политичар, разумен човек. Граѓаните преку гласањето ги даваат правците и очекувањата. Фала богу, коалицијата предводена од СДСМ може да формира Влада и со ДУИ и со Алијанса и Алтернатива. Зависи од отстранувањето на национализмите, зависи од цела една разработка за расчистување на правосудството, проверка на имотот, капиталот на секој политичар и функционер кој ќе биде избран, кадровскиот потенцијал, пред сè за правните, но и за економските аспекти на државата. Ќе ги разгледаме сите можности, добро ќе одвагаме и ќе ја донесеме одлуката. Сите опции се отворени во текот на овој преговарачки процес, истакна Заев, одговарајќи на  прашање дали сè уште мисли дека ДУИ треба да оди во опозиција по 18 години и дека нивниот глас „не вреди ни пет пари на пзарот на гласови“.

На прашање одговори и дека нема намера никому да се извнува, додавајќи дека сите политички ставови им биле, како што рече, кредибилни, легитимни, аргументирани и оправдани.

– Верувам дека во преговарачкиот процес, понесени пред сè од нашата одговорност пред граѓаните кои ни го дале мандатот за пратеници, а со тоа дале мандат и за можност да создадеме парламентарно мнозинство, ќе се водиме од она што е важно за граѓните. Ако носиме суети, нив можеме да ги оставиме дома, за да можеме да им служиме на граѓаните и на државата, рече лидерот на СДСМ.

Тој верува дека со најмалку 61 пратеник ќе обезбедат стабилно парламентарно мнозинство што ќе гарантира стабилна влада која има намера да опстои четири години кои се важни за економијата и за граѓаните.

– Очекуваме во околнисти кога меѓународните интеграции се заокружени, НАТО е завршена работа и ќе отвораме поглавја со ЕУ,  по долг период  да имаме влада која ќе опстои четири години, истакна Заев на прес-конференцијата по конститутивната седница на новиот состав на Собранието.

Еден од приоритетите ќе биде и сериозната реформа во администрацијата и нејзиното намалување за 20 проценти, помалиот број на министри, односно кратење ќе има кај министрите без ресор.

Во фокусот на идната влада, како што најави Заев, ќе биде и економијата, продолжување на растот на платите, вложувањето во младите, рамномерниот регионален развој, поддршката за прватниот сектор и грижата за најсиромашните.

Back to top button
Close