Заев: Гоце Делчев е наш револуционер, Бугарите сметаат дека е нивни

-Гоце Делчев е наш револуционер – одговори премиерот Заев прашан директно од новинар на прес конференција чиј е, според него, Гоце Делчев.
-Но – додаде Заев – бугарите исто така мислат дека Делчев е нивен револуционер, ние имаме град Делчево тие имаа град Гоце Делчев, ние насекаде имаме негови споменици, тие исто така.
Министерот Османи ме извести дека заедничката комисија работи на овој дел од историјата за која имаме различни гледишта за да дојдеме до заедничко решение во духот на пријателството и добрососедството.
Премиерот Заев кажа дека во деновите пред 10 ноември кога во Софија ќе се одржи Берлинскиот процес чии домаќини се Бугарија и ние ,тој, пред овој датум ќе има прва официјална посета од кога е новоназначен за премиер кога ќе се сретне со бугарскиот премиер Бојко Борисов, како што рече, негов добар пријател и ќе разговараат и околу Гоце Делчев.

Back to top button
Close