Заев: Македонската дипломатија денеска добива круна!
За поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев со назначувањето на Радмила Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО македонската дипломатија денеска добива круна!
Назначувањето на Радмила Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО е признание за нејзините професионалност, посветеност и визија за демократски и безбедни општества, но е признание и за сите наши домашни и меѓународни напори да обезбедиме мир, стабилност и интеграција со современиот демократски свет.
Ова е доказ дека Северна Македонија е исклучително важна членка на НАТО.
Честитки Радмила!