Заев: Мицкоски и Силјановска-Давкова да се тргнат од партиската наметка и да ги почитуваат Уставот и Договорот од Преспа

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и претседателката Гордана Силјановска-Давкова многупати повторија дека немаат намера да го поништат Договорот од Преспа, иако не се согласуваат со него. Затоа како носители на највисоките државни функции треба да го почитуваат Уставот, меѓународниот Преспански договор  и законите. Тие треба да гледаат напред кон иднината на Северна Македонија и македонскиот народ, вели во изјава за ТВ 24 поранешниот премиер Зоран Заев.

Според него, претседателот на Северна Македонија, пратениците, премиерот на Владата, министрите и сите носители на функции се должни и мора да бидат пример за почитување на Уставот, меѓународните договори и законите на државата што ја водат. Непочитувањето, додава тој, носи одговорност, но и сериозни последици за државата кои веднаш ќе ги почувствуваат граѓаните.

„Одговорноста не е само политичка, туку и правна. А последиците се децениско непријателство со соседните земји, со Европската Унија, со САД и ОН. Сето ова ќе има далекусежни последици за секојдневниот живот и севкупниот стандард на Македонците и другите етнички заедници во Северна Македонија. Апелирам до нив да се тргнат од партиската наметка и што поскоро да сфатат дека сега сносат одговорност за државата и граѓаните. Владата ги почитува Уставот, меѓународните договори и закони како пример за целиот народ и тоа целосно ги почитува, или како влада презема чекори за нивно поништување или менување. Впрочем, Мицкоски и претседателката Силјановска Давкова многупати повторија дека немаат намера да го поништат Договорот од Преспа, иако не се согласуваат со него. Затоа како носители на највисоките државни функции треба да го почитуваат Уставот, меѓународниот Преспански договор и законите. Тие треба да гледаат напред кон иднината на Северна Македонија и македонскиот народ“,изјавил Заев за ТВ 24.o

Неговата реакција следи по вчерашната инаугурација на претседателката Гордана Силјановска-Давкова во Собранието. При давањето на свечената изјава, додека претседателот на Собранието Јован Митрески го читаше уставното име Република Северна Македонија, новоизбраната претседателка на државата, при повторувањето, користеше само Македонија.

 

 

Back to top button
Close