Заев: Најсилна осуда за бруталноста на полицајците, вакви случаи нема да поминат без казна

 

Премиерот Зоран Заев преку социјалните мрежи ја осуди бруталноста од полициските службеници врз граѓани Роми. Тој смета дека таквото однесување на полицијата е срамно и дека е за секоја осуда.

„Бруталноста од страна на полициски службеници врз граѓани Роми, што ја видовме вчера во видеото на социјалните мрежи, е за најсилна осуда. Таквото однесување е срамно за полицијата, ја заслужува осудата која пристигна од јавноста.

За поздравување е што Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи го утврди идентитетот на учесниците на овој исклучително немил настан, и очекувам дека многу бргу, по утврдените околности да следува целосна одговорност и соодветна казна на сите инволвирани во случајот.

Вложивме многу во менувањето на ликот и однесувањето на полициските службеници и нема да дозволиме, дури и вакви изолирани случаи, да поминат без одговорност и соодветна казна“, вели Заев.

Back to top button
Close