Фото) Тешка сообраќајка во Карпош 4 – автомобилот преполовен, има повредени

Мотор и автомобил се судрија во Карпош 4, во близина на „Сити мол“ односно на булеварот „Партизански одреди“. Според првичните информации има повредени лица, но детали не се познати, пишува Скопје 1

На помош притрчале случајни минувачи за возачите и патниците. Автомобилот од силината на ударот, се свртел во спротивна насока.

Несреќата е случена на потегот од Партизански одреди каде има обележан пешачки премин, а истовремено, се вози над дозволената брзина и неретко има трки. На ова место пред неколку денови имаше и протест со барање да се стават семафори, бидејќи често има жртви.

Засега не е позната причината за несреќата. Полицијата го обезбедува местото и се очекува да започне увид.

Повеќе детали се очекуваат од МВР.

Фото: Скопје 1

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close