Зеленски: Европа треба да присуствува во секоја фаза од разговорите со Русија


Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска изјави дека Европа треба да има место на масата за преговори за завршување на војната помеѓу Русија и Украина.

– Приоритет на Украина е што поскоро да заврши војната, со достоинствен мир. Веруваме дека Европа треба да биде претставена во секоја фаза од вистинската дипломатија, објави Зеленски на платформата Икс.

Во меѓувреме, главниот преговарач на Русија, Владимир Медински наведе дека мировниот договор изгледа поблиску по разговорите во Абу Даби.

Но, во моментов, многу зависи од сите вклучени во процесот. Многу зависи од Украина, од ставот на САД и од тоа дали Европа ќе се вразуми, истакна Медински.

Руските и украинските преговарачи претходно изјавија дека е постигнат одреден напредок на дводневните преговори што се одржаа во Абу Даби, но според американските медијатори недостасува доверба помеѓу завојуваните страни и оти остануваат разликите по некои прашања, вклучително и територијалните.

Back to top button
Close