По Абу Даби, можна е средба на Мерц со Путин

Портпаролот на германската влада денеска соопшти дека откако во Абу Даби беше постигнато пошироко разбирање за идните разговори за Украина, можна е средба помеѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и рускиот претседател Владимир Путин.
– Сега имаме постигнато разбирање за пошироките контури. Ова разбирање во моментов се споделува со рускиот претседател. И, врз основа на тоа, би можеле да се одржат разговори, наведе портпаролот одговарајќи на новинарско прашање дали Мерц е подготвен да разговара со Путин.
Тој додаде дека разбирањето во Абу Даби е постигнато помеѓу европските, американските и украинските претставници, а не со Русија, и додаде дека овие принципи ќе влијаат на идните разговори. ми/јт/






