Саудиска Арабија пресретна и уништи три крстосувачки ракети лансирани од Хутите кон Ријад


Коалицијата предводена од Саудиска Арабија соопшти дека пресретнала три крстосувачки ракети лансирани од јеменските бунтовници Хути врз Ријад.

Нападот врз Ријад уследи откако пред неколку дена беше нападната административната зграда на саудиската нафтена компанија „Арамко“ во Ријад.

Хутите и саудиската армија речиси секојдневно се напаѓаат. Хутите во септември почнаа офанзива во западен Јемен што им овозможи да ја консолидираат контролата врз стратешката теснина Баб ел-Мандеб, што ја поврзува Европа со Азија преку Суецкиот канал.

Оттогаш, Саудиска Арабија, сојузник на меѓународно признатата јеменска влада, редовно ги бомбардира позициите на Хутите, кои одговорија со сè почести напади врз саудиски цели.

Минатиот месец Хутите го нападнаа меѓународниот аеродром „Крал Халид“ во Ријад, при што загинаа 13 луѓе, а повредени се над 300 лица.

Back to top button
Close