Заев: Постигнавме договор со ДУИ за владина коалиција
Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска објави дека денеска е постигнат договор за создавање парламентарно мнозинство, формирање нова влада и за поделба на министерствата со ДУИ. Заев објави исто така дека нивниот денешен договор треба да го потврдат највисоките тела на партијата.
-Ја прецизиравме и потврдивме рамката за идната соработка меѓу СДСМ и колацијата Можеме и ДУИ, рече Заев, кој посочи дека ќе ја предводи владата во следните четири години.
Заев имаше средба со Ахмети за постигнување конечен договор за формирање на влада, на која присуствуваа и генерлните секретари на партиите Артан Груби од ДУИ и Љупчо Николовски од СДСМ.