Загинаа 20 лица при напад на украинската војска на Донецк  

Украинските вооружени сили утрово го нападнаа градот Донецк при што загинаа 20 лица, а 23 се повредени

Дваесет лица загинаа, а 23 се повредени во напад на украинската армија врз Донецк со ракета „Точка-У“, објави штабот за територијална одбрана на Донецк на Телеграм, пренесува РИА новости.

„Украинските вооружени формации уште еднаш го искористија тактичкиот ракетен систем ‘Точка-У’ во напад на станбени области на Донецк со цел да убиваат цивили и да ја уништат важната цивилна инфраструктура – се вели во соопштението.

Властите сè уште го утврдуваат точниот број на жртвите и додаваат дека има податоци дека за време на нападот загинале деца.

Според шефот на сепаратистичкиот регион Донецк, Денис Пушилин, проектилот содржел касетно полнење.

Градоначалникот на градот, Алексеј Кулемзин, претходно изјави дека ракетата паднала во близина на зградата на градската управа

 

 

Back to top button
Close