Закани со гилотина за политичарите кои се залагаат за здравствен пасош во Франција

Откриени се две гилотини во Ланд-Франција, на кои се наоѓа список со имињата на 350 политичари кои ја пофалиле „храброста на одлуките донесени од Емануел Макрон“, во трибината објавена на 18 јули во Журнали ди диманш, јави дописникот на МИА.

Бернард Тасет, градоначалник на Самадет, во Ланд, каде беа пронајдени двете гилотини поднесе пријава. Тој е особено лут и вознемирен од поединците кои оставиле дрвена гилотина на паркинг во неговиот мал град со 1.200 жители, пред Дом за стари лица. На машината, со височина од речиси два метра, е ставен список со неколку стотици избрани француски политичари кои се изјаснија за воведувањето на здравствен пасош.

На гилотината е ставен и текст што сугерира дека одговорноста за ова ја презема „комитетот на Жан Мулин“, кој вели дека се бори за почитување на основните права на граѓаните. Контактиран од нашите колеги од Франс Блу Гаскоњ, комитетот негира дека тој стои зад ваквиот чин.

Ние не преземамае одговорност за таква акција.  Комитетот Жан Мулин никогаш не направил  гилотина и не повикал да се направи тоа било речено од комитетот.

Пораката против избраните не е безопасна. Ова е многу сериозно. И навистина не разбирам зошто е сторено такво дело. Повеќето од жителите на Самадет се за здравствениот пасош. Денеска мора да бидеме на околу 80 или 85 отсто од стапката на вакцинирани во градот“, потсети Бернард Тасет за„ Фигаро “.

И градоначалникот нагласува дека „за време на кризата, негувателите и медицинскиот персонал беа примерни во улогата на заштита на населението“. Бернард Тасет веќе поднесе пријава и се надева дека одговорните ќе бидат казнети за своите постапки. За што треба да се отвори истрага од жандармеријата.

На неколку километри од Самадет, во градот Геон (Ланде), исто така, е откриена слична гилотина на плоштадот пред градското собрание.

Back to top button
Close