Започнува меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“

Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“, започнува вечер во 19 часот во Младинскиот културен центар во Скопје и ќе трае до 18. месецов.

Во фокусот на „Литера“ оваа година ќе биде Република Турција, од каде гостуваат тројца илустратори Гизем Ѓозде Учар, Серхат Албамја и Мурат Калкаван, како и авторката на книги за деца, Зејнеп Севде.

– Особено е важно да најавиме дека илустраторот Серхат Албамја ќе биде дел од програмата на Литера. Тој ќе одржи работилница за илустратори, која ќе биде одлична можност за сите заинтересирани да научат нешто ново и да разменат искуства со еден од најпознатите турски уметници. Овој настан ќе се одржи на 17 мај со почеток во 10 часот во Креативниот корнер на МКЦ, соопштуваат од „Литера“.

На отворањето на фестивалот ќе се обратат турскиот амбасадор во државава Фатих Улусој и советникот и заменик-амбасадорот, Мухамед Челикаја.

По завршување на фестивалот, изложбата на илустрации ќе се премести во Рамстор мол во центарот на Скопје

Back to top button
Close