Започнува процесот на полагање за лиценци за работа во детските градинки
Измената на законот за заштита на децата ја помина собраниската процедура, а со тоа започнува процесот на полагање за лиценци за работа во установите за деца.
Имено, од месец октомври 2023 година не се спроведува стручниот испит за стекнување на лиценца за работа во установите за деца, испит кој се однесува на сите кандидати кои сакаат да се вклучат во системот за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст.
Министерството за социјална политика демографија и млади е надлежно за издавање на лиценците за работа и тоа: лиценца за стручен работник, за стручен соработник, за воспитувач, лиценца за негувател и лиценца за директор.
Лиценцата за работа кои ја добиваат лицата кои сакаат да се вклучат во системот за згрижување и воспитание за деца од предучилишна возраст е неопходен критериум, односно задолжителен услов кој истите мораат да го исполнат, односно без важечка лиценца за работа овие лица не можат да аплицираат за вработување во детските градинки, каде во моментов имаме најголема потреба од вработување на ваков кадар на државно ниво.
Измената на законското решение овозможува во исклучителни ситуации да се предвиди начин на кој ќе продолжи континуирано да тече процесот на полагање на испити за стекнување на лиценца за работа, односно со полагање на испитот во хартиена форма со времетраење до 01.01.2026 година.
Со измената на законот се утврдува дека лиценцата за работа се издава на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на јазикот што го зборуваат 20% од граѓаните на Република Северна Македонија и неговото писмо, како и дека испитот за стекнување на лиценца за работа се полага на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на јазикот што го зборуваат 20% од граѓаните на Република Северна Македонија и неговото писмо.
Со овој Закон се менува називот на Министерството за труд и социјална политика, името на министерот и називот на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа (Службен весник на Република Северна Македонија број 121/2024