Затворен Францускиот институт во Техеран поради карикатурите на ајатолахот Хамнеи во „Шарли eбдо”

Иранските власти вчера го затворија Францускиот институт во Техеран, откако „Шарли eбдо” објави карикатури на врховниот лидер, ајатолахот Али Хамнеи.

Иран претходно ја предупреди Франција дека ќе реагира на објавените карикатурите, кои според Техеран се „навреда на симболите на суверенитетот и националните вредности”.

Францускиот сатиричен неделник на 4 јануари објави неколку десетина карикатури на ајатолахот Хамнеи. Објавените карикатури беа избрани на конкурс во декември, за време на протестите во Иран. „Шарли eбдо” во декември објави дека „меѓународниот натпревар за карикатура” на Хамнеи има за цел да ги поддржи „Иранците кои се борат за својата слобода”.

Француското Министерство за надворешни работи соопшти дека сè уште не е официјално информирано за затворањето на Институтот.

– Во Франција има слобода на медиумите, за разлика од она што се случува во Иран, изјави шефицата на француската дипломатија Катрин Колона, додавајќи дека богохулењето не постои во францускиот закон.

Back to top button
Close