Затворена седница за отворена иднина

Да се биде конструктивен во високо фрустрирачка атмосфера, за која нашиот Премиер укажа и овде и во Брисел, не само што е доблесно и умно, туку е и со висока политичка целисходност.

Cupeska

Баталете blame games, кој е крив, кој е прав. Во таквиот став нема апсолутно никакви решенија. Од оваа перспектива и јасен став дека успешните политики, бараат да изнаоѓаме решенија, сакам да посочам на неколку непобитни факти:

Прво, лидерот на опозициска СДСМ,Венко Филипче, разумно, предложи да се закаже затворена седница во Собранието на која ќе се утврди заедничка државна егзит стратегија.

Значи, и покрај сите реално нотирани проблеми како: разнишани меѓусоседски односи; етноцентрични злоупотреби и патологии; не мериторни туку спојлерски институционални интервенции; 27мо априлски амнестирања; диво-насељски куриозитети и се во врска со тоа; раст на цените и намалувањето на приходите; јавни линчови и сатанизации на бранителите на човековите права; СЕПАК, ваквиот повик за решенија и рационалност, не е мал туку голем државно-центричен гест.

Мислам дека е супер лесно да се биде деструктивен популист и да се поентира во една ваква ситуација на празен гол но, спротивно на тоа, повикот за затворената седница и за консолидација е навистина коструктивен.

После се, на изневереното граѓанство може и да му се чини ова како фатаморгана ( од пржинското помирување 1 и 2) па се до сите пропратни дрндупки како помилувањата, амнестиите и декриминализицијата на инсталациите. Но, на ова ниво, ставот “ги остаивте да прават што сакаат”; или, “тражили сте гледајте” ; исто така не помага политички. Односно, неможе да ја одкочи заглавеноста.

Со други зборови, целта е поголема од дневно-полтичките поентирања, зошто јасно е како бел ден, дека “дошаја е нож до коску”.

А коски нема.

Што има тогаш на располагање?

Прво, на сите политички чинители одговорност е да бараат и доаѓаат до решенија. На Власта да донесува одлуки, а не да плаче дека животот не е фер; а на Опозицијата да корегира и нуди подобри солуции од постоечките.

Второ, во политичкиот живот, сите посериозни тензии, конфликти, спорови, несогласувања, кризи, па дури и војните, се завршуват со договор(и);

трето,

целосно сум на линија дека Владата ќе мора ЕУ агенда да ја етаблира одново; и резолутно, а не со фемкање и со стравови; зошто, сепак 80% од граѓаните се за ЕУ, па дури и оние пола милион кој гласаа за Владата.

Конечно, ова е убава прилика да се укаже и на нужноста од опстанок , како највисок приоритет во услови на многу сериозни регионални и глобални пометњи.

Накратко, сметам дека Премиерот треба , “час поскоро” да се произнесе, по навистина “над-ситуациониот” и субстантивен предлог – фрлената ракавица за одржување на Затворената Седница и отворање Иднина.

Ана Чупеска

Back to top button
Close