Затвореник од Идризово фатен со марихуана за време на викенд-отсуство

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Велес вчера лишиле од слобода 43-годишен велешанец кај кого била пронајдена марихуана, информираа од Министерството за внатрешни работи.

Според МВР, на 9 мај 2026 година околу 15:30 часот во Велес бил приведен Ѓ.К. (43) од Велес, откако при извршен преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана.

При преземените мерки и проверки било утврдено дека лицето издржува затворска казна во траење од пет години и 10 месеци во Казнено-поправната установа „Идризово“, а во моментот користело викенд-отсуство.

Од МВР соопштија дека Ѓ.К. бил спроведен назад во установата за доиздржување на казната.

За случајот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, објави Скопје1.мк

Back to top button
Close