Заврши онлајн изданието на Меѓународниот фестивал „Делчево фест 2020“

Заврши онлајн изданието на Меѓународниот фестивал „Делчево фест 2020“. Во рамки на настанот, како што информираше организаторот Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“, со свои кореографии се претставија фолклорни групи, ансамбли и групи од државата, како и од повеќе земји од Балканот и Европа.

– Новата реалност во ситуацијата со Ковид-19 ги погоди и фолклорните друштва од нашата земја, но и од целиот свет. Во тој контекст одбележувањето на овој голем фестивал кој годинава се одржа по 44 пат да го реализираме онлајн, истакнаа организаторите.

По проследувањето на настапите на учесниците, како што додадоа од КУД „Гоце Делчев“, во период од три дена ќе бидат прогласени победниците на фестивалот.

– Сите кои го следеа фестивалот можат да гласаат за онаа нумера која најмногу им се допадна. Како и секоја година и оваа година доделуваме прво, второ и трето место од публика, прво, второ и трето место од жири комисија и дргуги награди и признанија, додаде организаторот.

Паралелно со фестивалот во функција на туристичка понуда на регионот, беа претставени и младоженците на 14-тата Пијанечко-малешевска свадба. Имињата на победниците на овогодишното издание на „Делчево Фест 2020“, како што додаде организаторот, ќе ги објави на својата официјална фан страна.

Back to top button
Close