Здравство купи 100 амбулантни возила „Рено“ кои ќе се надоградуваат во Ниш за 7,5 милиони евра со ДДВ

Министерството за здравство ќе гикупи стоте амбуланти возила со вградена медицинска опрема од компанијата „Аутомотив груп“, за вкупна цена од околу 7,5 милиони евра со ДДВ, односно за околу 75 000 евра по возило. Возилата се од марката „рено“ и потекнуваат од Франција, додека надоградбата ќе се врши во компанијата „Марконис“ од Ниш, Србија, пишува во договорот меѓу Министерството за здравство и „Аутомотив груп“.
Договорот е потишан од Азир Алиу, тогашниот министер за здравство, и Кирил Калеников, како претставник на „Аутомотив груп“.
Отфрлени жалби
Фирмата го потпишала договорот на 2 јули, а министерот на 3 јули. Тоа покажува дека потписот е ставен веднаш откако пред Државната комисија за жалби по јавни набавки паднаа последните две жалби кои беа пречка да се стави параф на договорот.
На 1 јули годинава, Државната комисија за жалби по јавни набавки ја одржа својата 23 седница. Меѓу донесените одлуки се и две директно поврзани со тендерот за амбулантни возила. Комисијата решавала по две жалби на хрватската компанија ЦИБ Комерц.
Едната жалба е отфрлена поради неуредност. Односно:
„Жалителот ја доставил жалбата во хартија, иако согласно член 142 став (1) и (3) од Законот за јавните набавки (Службен весник на Република Македонија бр.24/2019), истата се изјавува во елект истата се изјавува во електронска форма преку ронска форма преку ЕСЈН на Бирото за јавните набавки истовремено до Др ЕСЈН на Бирото за јавните набавки жавната комисија и до договорниот орган“,
пишува во решението со број 08-961/4 на Државната комисија.
Втората жалба, пак, е отфрлена поради непостоење на правен интерес. Поточно:
„Државната комисија постапувајќи по изјавената жалба, утврди дека жалителот во конкретната постапка нема поднесено понуда. Имено, со недоставување на понуда, жалителот нема правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка и истиот не претрпел или не можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од овој закон, со што не може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за јавна набавка согласно член 138 став 1 од Законот за јавните набавки. Оттука, Државната комисија утврди дека во конкретната постапка кај жалителот со изјавената жалба не постои правен интерес во оваа фаза од постапката“,пишува во Решението со број 08-978/14 на Државната комисија.
На што точно се жалела хрватската компанија, не може да се провери од достапните документи. Тоа е видливо само кога нема утврдени формални пропусти, па Државната комисија се впушта во суштинска оценка на наводите на жалителот.
Повлечена и најавена жалба
Пред одлуките за жалбите на хрватската компанија, на „менито“ на Државната комисија за жалби по јавни набавки имаше уште една жалба. Ја поднесе „Еуроимпекс“, увозникот на „Пежо“ и „Опел“ за земјава. Но, подоцна ја повлече. На нашето прашање, зошто ја повлекле, ни одговорија:
По детално разгледување на тендерската документација за Оглас бр. 07162/2026, објавен од страна на
Министерство за здравство, за набавка на 100 амбулантни возила, во предвидениот рок за поставување
на прашање, поставивме прашање и побаравме промена на техничката спецификација. Во одговорите
ги даде Комисијата за јавни набавки, не беа прифатени нашите барања, меѓу кои не бешеприфатено барањето за промена на зафатнина на моторот од максимум 2000 cm³, да се промени и да
гласи, минимум 1900 cm3. Незадоволни од одговорот, поднесовме жалба преку Државната Комисија за
жалби по јавни набавки до договорниот орган.
Со оглед на околностите, односно не прифаќањето на бараните промени од страна на комисијата за
јавни набавки, нашата компанија не поднесе понуда. По извршената детална анализа на законската
регулатива, поради тоа што не бевме учесници на тендерот, ја повлековме поднесената жалба.
ни одговорија од „Еуроимпекс“
Пред Комисијата за жалби по јавни набавки требаше да се најде уште една жалба, на бугарската компанија „Екселиор“. Така најави нивниот менаџер за земјава, Александар Гиговски. На прашањето на „360 степени“, зошто на крај не поднесоа жалба, но одговорија:
Александар Гиговски, претставник на „Екселиор“
„Жалбата беше целосно подготвена, со обезбедени докази и придружна документација, и беше подготвена за поднесување во законскиот рок.
Сепак, по донесена одлука од седиштето на компанијата во Софија, беше одлучено жалбата да не биде поднесена. Како овластен претставник во Република Северна Македонија, ја почитував таа корпоративна одлука, иако жалбата беше подготвена и правно образложена“,
ни одговори Александар Гиговски, од Екселор холдинг груп.
Сомнежи
Уште кога се распиша последниот тендер за набавка на 100 амбулантни возила, се појавија и поплаки дека условите во него се скроени така што ќе ја намалат конкуренцијата. Кредибилитет на таквите тврдења даде епилогот – за милинскиот бизнис понуда доставија само добитникот „Аутомотив груп“ и фирма која не е позната како увозник на возила, електромеханичарскиот дуќан А.Ц.Е.
Жалбите, најмногу, се однесуваа на два момента. Во тендерот се бараше возилото да има дизел мотор со зафатнина од најмногу 2 000 кубни сантиметри, а најмалку 110 киловати сила. Тоа елиминираше дел од конкуренцијата која има за нијанса поголеми погонски единици. Во делот на медицинската опрема, пак, се бараше преносен дефибрилатор чија батерија не е потешка од 500 грама и уредот да е регистриран во МАЛМЕД. Конкуренцијата тврдеше дека таков уред во земјава увезувала само една фирма и дека не реагирала на барањата за понуди од заинтересираните фирми.
Министерството за здравсто ги одби барањата за промена на условите во текот на постапката, за да се дозволи поголема конкуренција.






