Зеленски ја повика Швајцарија да им ги замрзне сметките на Путиновите олигарси

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја повика швајцарската влада да ги замрзне банкарските сметки на сите руски олигарси.

Зеленски се обрати во живо до илјадници антивоени демонстранти во швајцарскиот главен град Берн, нагласувајќи дека нивните банки ги држат средствата на луѓето кои ја започнале војната.Зеленски ѝ се заблагодари на Швајцарија за поддршката откако Русија ја започна инвазијата на Украина на 24 февруари, но и отворено зборуваше за швајцарскиот финансиски сектор.

„Вашите банки се место каде што се парите на луѓето кои ја започнаа оваа војна. Тоа боли. Замрзнувањето на нивните сметки е исто така борба против злото. Тоа би било и борба, можете да го направите тоа”, рече тој.

„Украинците чувствуваат како е да се уништуваат градови. Тие се уништени по наредба на луѓето кои живеат во европските, прекрасни швајцарски градови, кои уживаат во имотот во вашите градови. Би било навистина добро да им се одземе таа привилегија”.

Во банките во земјата има до 213 милијарди долари руски средства, според проценките на швајцарската финансиска индустрија.

Back to top button
Close