Зеленски: Нема да простиме – наместо прошка, суден ден

Путин нема да може нигде да се скрие, освен во гробот, му порача на својот противник, украинскиот претседател Володимир Зеленски во ново видеообраќање. Во видеото Зеленски очигледно се осврна на православниот празник Прочка кој се празнуваше вчера, а притоа огромен број проектили паднаа во Украина истиот ден.

– Нема да има место на земјата каде што можеш да се скриеш. Освен во гробот – рече Зеленски.

– Нема да ви простиме за уништените куќи. Нема да му простиме на проектилот што нашата воздушна одбрана денеска го собори над Окматид. И повеќе од 500 проектили кои ја погодија нашата земја, нашиот народ, нашите деца – рече Зеленски.

– Нема да простиме пукање на невооружени луѓе. Уништување на нашата инфраструктура. Нема да простиме. Стотици и стотици жртви. Илјадници и илјадници страдања. Ниту Господ нема да прости – додаде тој.

– Не денес. Не утре. Никогаш. И наместо прошка ќе биде суден ден – рече Зеленски.

Украинсиот претседател рече и дека ќе ги казни сите што извршиле злосторства врз украинските цивили, оној што пукал, оној што бомбардирал и оној што дал наредба.

Back to top button
Close