Зеленски: Украина ќе возвраќа реципрочно при прекршување на велигденското примирје

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека Украина ќе го почитува примирјето со Русија по повод Велигден, но ќе одговори реципрочно на евентуалните прекршувања.

EPA-EFE/JAVAD PARSA NORWAY OUT

„Денес ги утврдивме параметрите на нашиот одговор на можни прекршувања на примирјето од руската армија. Сите знаеме со кого имаме работа. Украина ќе го почитува прекинот на огнот и ќе одговара строго огледално. Отсуството на руски напади по воздух, копно и море ќе значи и отсуство на наш одговор“, наведе Зеленски во објава на Фејсбук.

 

Тој нагласи дека украинската армија е подготвена за сите сценарија на фронтот.

 

„Украина повеќепати ѝ предложи на Русија различни формати за прекин на огнот и веруваме дека Велигден треба да биде време на тишина и безбедност. Велигденското примирје може да означи и почеток на вистински чекор кон мир – постои соодветен предлог од наша страна“, додаде Зеленски.

Тој истакна дека информациите за реципрочниот карактер на украинските дејствија и можноста за продолжување на примирјето по Велигден биле пренесени и до руската страна.

Back to top button
Close