Зеленски жестоко му одговори на Трамп: Нема да ја распродадам Украина, нема да може да ме замените

Украинскиот претседател Володимир Зеленски одговори на критиките на американскиот претседател Доналд Трамп дека Украина е виновна за војната.

Тој на прес-конференцијата рече дека „никогаш не ги коментира рејтинзите на популарноста, особено неговите или на другите лидери“, но посочи дека последната анкета покажува дека 58 отсто од Украинците имаат дпверба во него.

„Значи, ако некој сака да ме замени сега, нема да успее“, вели тој.

Тој, исто така, укажува на „многу дезинформации што доаѓаат од Русија“, велејќи дека се чини дека информациите се споделуваат со САД.

„За жал, претседателот Трамп, со сета почит кон него како лидер на нација што ние многу ја почитуваме, живее во овој простор на дезинформации“, вели тој.

Зеленски вели дека ќе се зафати со собирање повеќе податоци за довербата во клучните светски лидери за да се спротивстави на руската дезинформација, велејќи дека предупредува на „круг на дезинформации околу претседателот Трамп“, кој вклучува претставници поврзани со владите на Унгарија и Словачка.

„Сето ова е загрижувачко. Сè што прават е да гарантираат дека Украина е слаба“, вели тој.

Зеленски рече дека САД „му помогнале на Путин да излезе од изолацијата“, што, како што тврди, „било целосно оправдано поради нивната сеопфатна инвазија“ на Украина.

Тој, исто така, ги отфрли коментарите на Трамп дека најголемата поддршка за Украина доаѓа од САД.

„Вистината е на друго место“, рече тој, но додаде дека останува „благодарен за поддршката“ и сака „тимот на Трамп да ги има вистинските факти“.

Зборувајќи за разговорите во Ријад, тој рече:

„Ова не е позитивно за Украина. Она што се случува е дека тие го вадат Путин од изолација, а Русите се среќни бидејќи фокусот на дискусијата е на нив“

Back to top button
Close