Земјотрес од 5,6 степени регистриран кај бреговите на Никарагва
Земјотрес со интензитет од 5,6 степени е регистриран денеска во близина на бреговите на Никарагва, соопшти Американскиот геолошки институт.
Според податоците на институтот, епицентарот на земјотресот се наоѓал на 67,5 километри западно од градот Чинандега со население од околу 136 илјади луѓе, на длабочина од 52 километри.
Нема извештаи за жртви или причинета материјална штета. Не е прогласена опасност од цунами.