Земјотрес со јачина од 4,5 степени ја стресе Хрватска

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди Хрватска.

Епицентарот на земјотресот бил на девет километри од Сисак на длабочина од девет километри.

Засега нема информации за жртви и материјална штета.

Граѓаните јавуваат дека земјотресот бил почувствуван во поширокото подрачје на Сисак нешто пред 13 часот, а во делови од округот снемало струја.

Back to top button
Close