Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чиле
Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Чиле, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки институт.
Земјотресот се случил во регионот Атакама, на околу 132 километри од градот Копиапо.
Епицентарот на потресот бил на длабочина од 34 километри.