Зголемена фреквенција на патиштата, околу еден час чекање на Табановце и Богородица

Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива непречено, по суви коловози, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

 

Зголемен е интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини, поради зголемената фреквенција на возила.

На граничниот премин Табановце, за излез од државата, времето на чекање е околу еден час. Приближно еден час се чека и на Богородица, исто така за излез од земјава.

 

На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез и излез од државата.

 

АМСМ апелира до возачите да ја прилагодат брзината, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и внимателно да управуваат со возилата. Особено внимание се препорачува на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност од појава на одрони.

Препораката особено се однесува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Back to top button
Close